fbpx

пандев доо За нас

Домот е најважната работа во нашите животи, секоја приказна започнува од таму.
Нашата фирма Пандев ДОО има традиција на допринесување стабилност, удобност и топлина во домовите на нашите клиенти. Нашата приказна започнува во Мај 1990 година, кога е формирана фирмата Југометал која во 1997 се преименува во Пандев ДОО. Почетоците во инвестиции во станбено-деловни објекти се од 2001 година па сè до ден денес.
Професионалноста, искреноста и принципиелноста се нашиот „trademark“ и се нашите столбови за начин на живот. Со огромно бизнис искуство во и надвор од Македонија. Една од ретките, ако не и единствена фирма што има инвестирано во станбени објекти во Германија.
Ефикасност и квалитет во начинот на работа и секогаш во склоп со дадената динамика на работа. Наше задоволство е кога сите заедно сме среќни и задоволни.
Сакаме да бидеме присутни во градењето на нашето општество и да бидеме одговорни према истото. Нешто со кое можеме да се гордееме и нешто што е препознатливо за нас е брзината на изведба, држење цврсто до дадената динамика и добивање имотен лист со самото завршување на изведбата, без дополнителни рокови и чекања за истото.

мисија

Наша мисија е да го искористиме нашето долгогодишно искуство, најважно нашето интернационално искуство, за да го подобриме квалитетот на живот за нашите сограѓани. Да изградиме општество во кое секој дом кје биде топол, квалитетен и долготраен. Нашите столбови се довербата и принципиелноста, продолжување и дополнување на оваа традиција за нас е најголем успех.

визија

Да го олесниме животот на нашите сограѓани со понудување на квалитетен, флексибилен и едноставен начин на живот. Издигнување на квалитетот севкупно во нашата индустрија. Нашата визија не ја вклучува само нашата фирма, туку и целото општество. Да градиме сите заедно и да се издигнуваме сите заедно над сите моментални предизвици.

Историјат

1990

Основана е фирмата Југометал Струмица која почнува со производство на тоалетна хартија “AЛФРОС”. Заедно со фирмата Беличе единствени на просторот на поранешна Југославија со производстсво на шнеки (полжови) и цилиндри за машини.

1997

Преименување на фирмата во Пандев ДОО, производство на полиетиленска и полипропиленска амбалажа.

2001

Производство на полиетиленско црево за оптички кабел. Започнуваме со инвестиции во недвижнини. Првиот објект (8 станови) е на ул.Христо Смирневски бр.55 КО Центар 1 (позади Радио Бран). Со градба е започнато во март 2001, а се заврши во декември 2001. Вкупен период на изградба беше 9 месеци.

2002

Нашиот втор објект (12 станови), на улица Багдатска број 3 КО Карпош, веднаш спроти ресторан Сидро беше почнат во август 2002, а се заврши во април 2003.

2003

Третиот објект (12 станови) е на улица Мајаковски бр.3 и 5 КО Центар 1 (спроти Универзална сала, зад кафичот Броз). Со градба се започна во јуни 2003 година, а се заврши мај 2004 година. Вкупен период на изградба беше 11 месеци.

2004

Четвртиот објект (15 станови) е на улица Црвена Вода број 8, (до Броз кафе). Вкупен период на изградба беше 12 месеци.

2008

Петтиот објект (11 станови) е на ул. Дане Крапчев бр. 13. КО Центар 1 (Дебар Маало). Вкупен период на изградба до примопредавање на новите сопственици беше 8 месеци.

2011

Шестиот објект (59 станови) е на улица Вангел Тодоровски бр.17 населба Аеродром (во близина на поликлиниката Јане Сандански). Со изградба се започна јуни 2011, а објектот беше завршен во ноември 2012 година.

2015

Седмиот објект во кој имаме инвестирано е во Мелсунген, Германија, кој нè прави една од ретките фирми што има инвестирано во Германија по европски и највисоки стандарди. Со градба се започна во декември 2015 година, а се заврши во април 2017 година.

2019

Ребрендирање на фирмата Пандев ДОО. Новата инвестиција во станбен објект се наоѓа на улица Бранислав Нушиќ број 6 , КО Карпош.

2020

Завршен објект во Карпош на улица Бранислав Нушиќ 6 . Почнати два нови објекта на улица Тетовска 40 општина Центар и Срекќо Пужалка бр 52 населба Ченто.

2021

Завршени се двата објекта започнати во 2020 година на улица Тетовска 40, Центар и Среќко Пужалка 52 во населба Ченто.

2022

Се започнува нов проект на улица Востаничка 33 , во населба Црниче.

Васе Пандевуправител

Роден во 1959 година.
Основно и средно завршува во Струмица
Машински факултет - отсек возила - завршува во 1984 година.
1984-1986 - вработен во МЗТ Скопје како машински инженер
1987 - отслужува редовен воен рок во ЈНА
1988 - 1990 вработен во занаетчискиот дуќан на својот татко како машински инженер
1990 - во мај регистрира своја приватна фирма со седиште во Струмица - Југометал
1991 - година се преселува со фирмата во Скопје
1997 - година прави пререгистрација на фирмата во склоп со промените на законските регулативи за приватни претпријатија и започнува со работа фирмата ПАНДЕВ ДОО Скопје

Во тек на целото свое образование, континуирано го учи и металостругарскиот занает во занаетчискиот дуќан на својот татко. Инаку занаетчискиот занает во нивната фамилија има повеќе од 100-годишна традиција. Во дуќанот заедно со својот татко изработуват комплетни машини за дрвната индустрија.

Од 1986 година започнува деловна соработка-прв надворешен кооперант (соработник), со Металски Завод Тито Скопје. Во дуќанот на својот татко изработува серии на делови кои МЗТ Скопје ги вградува на кочни системи на возови и делови за војната индустрија.

Истовремено интензивно работи на технологијата за изработка на шнеките(полжови) и цилиндри, кои се главни-витални делови на сите машини за преработка на пластика-екструдери. Има изработено и вградено комплети на шнеки и цилиндри на многу машини-екструдери во повеќе фабрики за изработка на пластични производи низ Македонија, Србија, Косово. Во тој период, 90-тите години, заедно со фабриката Беличе од Хрватска се единствени производители на такви делови на просторите од цела Поранешна Југославија.

Но, со распаѓањето на Југославија и запирањето на индустријата ширум овие простори мора да се преориентира на нови производи. Во 1991 год. се преселува со фамилијата во Скопје, изработува сам два екструдери за изработка на полиетиленска фолија и започнува со производство на полиетиленска амбалажа.

Со тек на времето во наредните години ја развива фирмата во тој правец. Се надополнува и зголемува капацитетот на производството на полиетиленска амбалажа. Главни купувачи-потрошувачи беа Охис Скопје-кесите за пакување прашакот за перење Гонг, ХИВ Велес - вреќите за пакување вештачко ѓубриво, Битолска, Скопска, Тетовска млекара и над 100 приватни млекари - фолијата за пакување пресно млеко, Скопска Пивара, Прилепска Пивара – термособирачка фолија и други.

Во истиот тој период врши и преработка-конфекционирање на тоалетна хартија (позната под името Алфрос). Машините за таа намена исто така ги изработува самиот.

Во 2000 год. се воведува уште еден нов производ - полиетиленско црево за оптички кабел. Екструдерот - линијата за изработка на тоа црево ја изработува повторно сам. Тој производ беше наменет за извоз, повеќето за Албанија.

Од 2001 год. се првите почетоци во инвистиции во градба - станбено-деловни објекти, поточно на 04.03.2001 год. е ставен првиот темел на објект на ул. Христо Смирневски во Скопје, КО Центар. Од тогаш до денес се инвестира континуирано во нови градби-објекти.