fbpx

Вангел Тодоровски бр.17, Аеродром

Багдатска број 3, Карпош

Црвена Вода бр. 8, Центар

Дане Крапчев бр. 13, Центар

Христо Смирневски бр.55, Центар

Мајаковски бр. 3 и 5, Центар

Мелсунген, Германија

Бранислав Нушиќ бр.6, Скопје

Среќко Пужалка бр. 52, Ченто

Тетовска бр.40, Центар

Можеш да ни веруваш!

Вангел Тодоровски бр.17, Аеродром

Багдатска број 3, Карпош

Црвена Вода бр. 8, Центар

Дане Крапчев бр. 13, Центар

Христо Смирневски бр.55, Центар

Мајаковски бр. 3 и 5, Центар

Мелсунген, Германија

Бранислав Нушиќ бр.6, Скопје

Среќко Пужалка бр. 52, Ченто

Тетовска бр.40, Центар

Можеш да ни веруваш!

01
Локација:ул. Христо Смирневски бр.55 КО Центар 1
Вкупна површина на земјиште:290m2
Вкупна нето изградена површина:564m2
Станови:8
Изведен објект:2001

Првиот објект е на ул. „Христо Смирневски“ бр. 55, КО Центар 1 (позади Радио Бран). Вкупна нето изградена површина е 564m² од кои 539m² станбен простор (8 станови) и 25m² подрумски простор. Дополнително има 100m² заеднички простор. Со градба е започнато во март 2001, а се заврши во декември 2001. Вкупен период на изградба беше 9 месеци. Сите станови беа распродадени во текот на градба. Овој проект е комплетно инвестиран од сопствени средства.

 

Овој проект е од посебна важност за фирмата Пандев ДОО, го означува почетокот на нова ера со инвестиции во станбено-деловни објекти.

02
Локација:ул. „Багдатска„ бр. 3, КО Карпош
Вкупна површина на земјиште:390m2
Вкупна нето изградена површина:833m2
Станови:12
Изведен објект:2003

Нашиот втор објект, на ул. „Багдатска„ бр. 3, КО Карпош, веднаш спроти ресторан „Сидро“ беше почнат во август 2002, а се заврши во април 2003. Вкупна површина на земјиште 390m², основа на изграден објект е 140m². Вкупна нето површина е 833m², од кои 810m² станбен простор (12 станови), и 23m² подрумски простор. Додатно има околу 80m² заеднички простории. Градбата на објектот траеше вкупно 9 месеци, со завршување на истиот објектот е комплетно продаден и предаден на новите сопственици. Овој проект исто така беше финансиран од сопствени средства.

03
Локација:ул. „Мајаковски“ бр.3 и 5, КО Центар 1
Вкупна површина на земјиште:320m2
Вкупна нето изградена површина:1340m2
Станови:12
Деловни простории:10
Изведен објект:2004

Третиот објект е на ул. „Мајаковски“ бр.3 и 5, КО Центар 1 (спроти Универзална Сала, позади кафулето „Броз“). Вкупна површина на земјиште е 320m², основа на објект е 260m². Вкупна нето изградена површина е 1340m² од кои 750m² (12 станови), 283m² деловен простор и 307m² гаражен простор. Со градба се започна во јуни 2003 година, а се заврши во мај 2004 година. Вкупен период на изградба беше 11 месеци. Инвестицијата беше со сопствени средства. Објектот е распродаден цел во текот на градба.

04
Локација:ул. „Црвена Вода“ бр. 8
Вкупна површина на земјиште:320m2
Вкупна нето изградена површина:1462m2
Станови:15
Деловни простории:4
Изведен објект:2005

Четвртиот објект е на ул. „Црвена Вода“ бр. 8, (до кафулето „Броз“). Вкупна површина на земјиштето е 320m², основа на објект 196m². Вкупна нето површина 1462m² од кои 918m² станбен простор (15 станови), 249m² деловен простор и 295m² гаражен и подрумски простор. Со градба се започна во јуни 2004 година, и комплетно се заврши во јуни 2005 година. Вкупен период на изградба беше 12 месеци.

05
Локација:ул. „Дане Крапчев“ бр. 13, КО Центар 1
Вкупна површина на земјиште:330m2
Вкупна нето изградена површина:996m2
Станови:11
Деловни простории:1
Изведен објект:2008

Петиот објект е на ул. „Дане Крапчев“ бр. 13, КО Центар 1 (Дебар Маало). Вкупна површина на земјиштето е 330m², основа на изграден објект 152m². Вкупна нето изградена површина е 996m² од кои 528m² се станбен простор (11 станови), 81m² дуќан и 283m² гаражен простор и подрумски простор. Со изградба започна во април 2008 година и се заврши во декември 2008 година. Вкупен период на изградба до примопредавање на новите сопственици беше 8 месеци. Становите се продадени сите во текот на градба.

06
Локација:ул. „Вангел Тодоровски“ бр.17
Вкупна површина на земјиште:1359m2
Вкупна нето изградена површина:5038m2
Станови:59
Изведен објект:2012

Шестиот објект е на ул. „Вангел Тодоровски“ бр.17, населба Аеродром (во близина на поликлиниката „Јане Сандански“). Вкупна површина на земјиштето е 1359m², основа на изграден објект е 500m². Вкупна нето изградена површина е 5038m² од кои 3000m² станбен простор (59 станови во два влезови, на 8 нивоа), 2038 m² гаражен, подрумски и заеднички простор (73 паркинг места по 16m², подрумски простории околу 200m² и остатокот заеднички простории. Со изградба се започна во јуни 2011, а објектот беше завршен во ноември 2012 година. Становите се продадени сите во тек на градба.

07
Локација:Мелсунген, Германија
Вкупна површина на земјиште:1370m2
Вкупна нето изградена површина:1300m2
Станови:8
Изведен објект:2017

Седмиот објект во кој имаме инвестирано е во Мелсунген, Германија. Вкупна површина на градба е 1370m², основа на изграден објект е 400m². Вкупнa нето површина на изградениот објект е 1300m², од кои 900m² станбен простор (8 станови) и 400m² гаражен и подрумски простор. Со градба се започна во декември 2015 година, а се заврши во април 2017 година. Објектот е распродаден во тек на градба.

 

Овој проект нé прави една од ретките фирми што има инвестирано во Германија по Европски и највисоки стандарди. Со градба се започна во декември 2015 година, а се заврши во април 2017 година. Градена да биде еколошки штедлива со највисок квалитет на материјали. Тој стандард во Германија беше наречен КВ 70, со што им беше овозможено на купувачите да добијат кредит со пониски каматни стапки од стандардите.

 

08
Локација:ул. „Бранислав Нушиќ“ бр.6, Скопје
Вкупна површина на земјиште:535m2
Вкупна нето изградена површина:1956m2
Станови:25
Изведен објект:2019

Објект А2 домување во станбена зграда, се наоѓа на ул. „Бранислав Нушиќ“ бр.6, КО Карпош (Полициска станица Карпош). Вкупнa нето изградена површина е 1956m², од кои 1429m² станбен простор (25 станови распоредени на 5 нивоа), 199m² затворен гаражен простор на едно ниво и 328m² заеднички простории и комуникации. Со изградба на истиот се започна на 22.04.2019 година, а се заврши во јуни 2020 год. Објектот карактеризира со добра топлинска и звучна изолација, современ изглед, квалитетен живот. Нуди различни видови станбени единици, од 26m² до 84m², станови со една, две и три спални соби. Се наоѓа на одлична локација, тивко место за живеење, а блиску до Центар, и до сé што е потребно за добар, современ и безбеден живот. Околината нуди сé што е потребно за квалитетен живот: детска градинка, училишта, факултет, супермаркети, пазар, парк, болници, лесна сообраќајна поврзаност со цело Скопје.

09
Локација:ул. „Тетовска“ бр. 40, КО Центар 1
Вкупна површина на земјиште:358m2
Вкупна нето изградена површина:1484m2
Станови:
Изведен објект:2020

Објектот А2 домување во станбена зграда, се наоѓа на ул. „Тетовска“ бр. 40, КО Центар 1 (Олимписки базен “Центар”/СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“).

Вкупната нето изградена површина е 1484m², од кои 920m² се станбен простор (16 станови распоредени на 6 нивоа), 292m² затворен гаражен и подрумски простор на едно ниво и 282m² заеднички простории и комуникации.

Изградбата на објектот започна на 02.09.2020 година, а се заврши во септември 2021 година.

Објектот карактеризира со солидна топлинска и звучна изолација, современ урбан изглед и ги нуди сите поволности на квалитетен живот.

Објектот има повеќе видови станбени единици со големина од 38m² па сé до 85m², односно станови со една, две или три спални соби.

10
Локација:ул. „Среќко Пужалка“ бр. 52, Ченто
Вкупна површина на земјиште:491m2
Вкупна нето изградена површина:1186m2
Станови:
Изведен објект:2020

Објектот е станбена куќа за семејно живеење. Се наоѓа на ул. „Среќко Пужалка“ бр. 52, во Ченто, КО Синѓелик 1.

Вкупната нето изградена површина е 1186m², од кои 740m² ќе бидат станбен простор (со 8 станови кои се распоредени на 4 нивоа), 314m² затворен гаражен и подрумски простор на едно ниво и 132m² заеднички простории и комуникации.

Изградбата на објектот започна на 03.07.2020 година, а заврши во јули 2021 година.

Објектот карактеризира со одлична топлинска и звучна изолација, современ урбан изглед, и ги овозможува сите карактеристики на квалитетен и семеен живот.

Објектот има повеќе видови станбени единици, и тоа од 38m² па сé до 168m². Становите имаат една, две или три спални соби.