
Првиот објект е на ул. Христо Смирневски бр.55 КО Центар 1 (позади Радио Бран). Вкупна нето изградена површина е 564м2 од кои 539 станбен простор (8 станови) и 25м2 подрумски простор. Дополнително има 100м2 заеднички простор. Со градба е започнато во март 2001, а се заврши во декември 2001. Вкупен период на изградба беше 9 месеци. Сите станови беа распродадени во текот на градба. Овој проект е комплетно инвестиран од сопствени средства.
Овој проект е од посебна важност за фирмата Пандев ДОО, го означува почетокот на нова ера со инвестиции во станбено деловни објекти.

Нашиот втор објект, на улица Багдатска број 3 КО Карпош, веднаш спроти ресторан Сидро беше почнат август 2002, а се заврши април 2003. Вкупна површина на земјиште 390м2, основа на изграден објект е 140м2. Вкупна нето површина е 833м2, од кои 810м2 станбен простор (12 станови), и 23 м2 подрумски простор. Додатно има околу 80м2 заеднички простории. Градбата на објектот траеше вкупно 9 месеци, со завршување на истиот објектот е комплетно продаден и предаден на новите сопственици. Овој проект исто така беше финансиран од сопствени средства.

Третиот објект е на улица Мајаковски бр.3 и 5 КО Центар 1 (спроти универзална сала, позади кафичот Броз). Вкупна површина на земјиште е 320м2, основа на објект е 260м2. Вкупна нето изградена површина е 1340м2 од кои 750м2 (12 станови), 283м2 деловен простор и 307м2 гаражен простор. Со градба се започна во јуни 2003 година, а се заврши мај 2004 година. Вкупен период на изградба беше 11 месеци. Инвестицијата беше со сопствени средства. Објектот е распродаден цел во текот на градба.

Четвртиот објект е на улица Црвена Вода број 8, (до Броз кафе). Вкупна површина на земјиштето е 320м2, основа на објект 196м2. Вкупна нето површина 1462 од кои 918м2 станбен простор (15 станови), 249м2 деловен простор и 295м2 гаражен и подрумски простор. Со градба се започна во јуни 2004 година, и се заврши комплетно јуни 2005 година. Вкупен период на изградба беше 12 месеци.

Петиот објект е на ул.Дане Крапчев бр 13. КО Центар 1 (Дебар Маало). Вкупна површина на земјиштето е 330м2, основа на изграден објект 152м2. Вкупна нето изградена површина е 996м2 од кои 528м2 се станбен простор (11 станови), 81м2 дукан и 283м2 гаражен простор и подрумски простор. Со изградба започна април 2008 година и се заврши декември 2008 година. Вкупен период на изградба до примопредавање на новите сопственици беше 8 месеци. Становите се продадени сите во текот на градба.

Шестиот објект е на улица Вангел Тодоровски бр.17 населба Аеродром (во близина на поликлиниката Јане Сандански). Вкупна површина на земјиштето е 1359м2, основа на изграден објект е 500м2. Вкупна нето изградена површина е 5038м2 од кои 3000м2 станбен простор (59 станови во два влезови, на 8 нивоа), 2038 м2 гаражен, подрумски и заеднички простор (73 паркинг места по 16м2, подрумски простории околу 200м2 и остатокот заеднички простории. Со изградба се започна јуни 2011 а со објектот беше завршен ноември 2012 година. Становите се продадени сите во тек на градба.

Седмиот објект во кој имаме инвестирано е во Мелсунген, Германија. Вкупна површина на градба е 1370м2, основа на изграден објект е 400м2. Вкупнa нето површина на изградениот објект е 1300м2, од кои 900м2 станбен простор (8 станови) и 400 м2 гаражен и подрумски простор. Со градба се започна декември 2015 година, а се заврши април 2017 година. Објектот е распродаден во тек на градба.
Овој проект не’ прави една од ретките фирми што има инвестирано во Германија по европски и највисоки стандарди. Со градба се започна декември 2015 година, а се заврши април 2017 година. Градена да биде еколошки штедлива со највисок квалитет на материјали. Тој стандард во Германија беше наречен КВ 70 , со што им беше овозможено на купувачите да добијат кредит со пониски каматни стапки од стандардите.

Објект А2 домување во станбена зграда, се наоѓа на ул.Бранислав Нушиќ бр.6 КО Карпош (Полициска станица Карпош). Вкупнa нето планирана површина е 1956м2, од кои 1429м2 станбен простор (25 станови распоредени на 5 ниво) , 199м2 затворен гаражен простор на едно ниво и 328 м2 заеднички простории и комуникации. Со изградба на истиот се започна на 22.04.2019 година, а се планира да биде завршен најдоцна до август 2020год. Објектот ќе се карактеризира со добра топлинска и звучна изолација, современ изглед, квалитетен живот. Нуди различни видови станбени единици,од 26м2 до 84м2, станови со една спална, две спални и три спални. Се наоѓа на топ локација, тивко место за живеење, а блиску до центар, блиску до се што е потребно за добар, современ, безбеден живот. Околината нуди се’ што е потребно за квалитетен живот: детска градинка, училишта, факултет, супермаркети, пазар, парк, болници, лесна сообраќајна поврзаност со цело Скопје.

Објектот е предвиден како А2 домување во станбена зграда и се наоѓа на ул. Тетовска број 40 во КО Центар 1 (Олимписки базен/Корчагин)).
Вкупната нето планирана површина е 1484м2, од кои 920м2 се станбен простор (16 станови распоредени на 6 ниво), 292м2 се планирани за затворен гаражен и подрумски простор на едно ниво и 282 м2 се планирани за заеднички простории и комуникации.
Изградбата на објектот започна на 02.09.2020 година а се планира да биде завршен најдоцна до 31.12.2021 година.
Објектот ќе се карактеризира со солидна топлинска и звучна изолација, современ урбан изглед и ќе ги нуди сите поволности на квалитетен живот.
Се нудат повеќе видови станбени единици со големина од 38м2 па до 85м2 односно станови со една, две или три спални.

Објектот е планиран како станбена куќа за семејно живеење.
Се наоѓа на ул. Среќко Пужалка, бр.52 односно Ченто КО Синѓелик 1.
Вкупната нето планирана површина е 1186м2, од кои 740м2 ќе бидат станбен простор (со 8 станови кои се распоредени на 4 нивоа), 314м2 се планирани за затворен гаражен и подрумски простор на едно ниво и 132 м2 се планирани за заеднички простории и комуникации.
Изградбата на објектот започна на 03.07.2020 година, а се планира да биде завршен најдоцна до јули 2021 година.
Објектот ќе се карактеризира со одлична топлинска и звучна изолација, современ урбан изглед, и ќе ги овозможи сите карактеристики на квалитетен и семеен живот.
Се нудат повеќе видови станбени единици и тоа од 38м2 па се до 168м2. Становите имаат една, две спални или три спални.