Пандев доо За нас
Домот е најважната работа во нашите животи, секоја приказна започнува од таму.
Нашата фирма Пандев ДОО има традиција на придонесување стабилност, удобност и топлина во домовите на нашите клиенти. Нашата приказна започнува во Мај 1990 година, кога е формирана фирмата Југометал која во 1997 се преименува во Пандев ДОО. Почетоците во инвестиции во станбено-деловни објекти се од 2001 година па сé до ден денес.
Професионалноста, искреноста и принципиелноста се нашиот „trademark“ и се нашите столбови за начин на живот. Со огромно бизнис искуство во и надвор од Македонија. Една од ретките, ако не и единствена фирма што има инвестирано во станбени објекти во Германија.
Ефикасност и квалитет во начинот на работа и секогаш во склоп со дадената динамика на работа. Наше задоволство е кога сите заедно сме среќни и задоволни.
Сакаме да бидеме присутни во градењето на нашето општество и да бидеме одговорни према истото. Нешто со кое можеме да се гордееме и нешто што е препознатливо за нас е брзината на изведба, држење цврсто до дадената динамика и добивање имотен лист со самото завршување на изведбата, без дополнителни рокови и чекања за истото.
Историјат Нашите почетоци
Основана е фирмата Југометал Струмица која почнува со производство на тоалетна хартија “AЛФРОС”. Заедно со фирмата Беличе единствени на просторот на поранешна Југославија со производство на шнеки (полжови) и цилиндри за машини.
Преименување на фирмата во Пандев ДОО, производство на полиетиленска и полипропиленска амбалажа.
Производство на полиетиленско црево за оптички кабел. Започнуваме со инвестиции во недвижности. Првиот објект (8 станови) е на ул. „Христо Смирневски“ бр. 55, КО Центар 1 (позади Радио Бран). Со градба е започнато во март 2001, а се заврши во декември 2001. Вкупен период на изградба беше 9 месеци.
Нашиот втор објект (12 станови), на ул. „Багдатска“ бр. 3, КО Карпош, веднаш спроти ресторан „Сидро“ беше почнат во август 2002, а се заврши во април 2003.
Третиот објект (12 станови) е на ул. „Мајаковски“ бр. 3, 5 КО Центар 1 (спроти Универзална сала, позади кафулето „Броз“). Со градба се започна во јуни 2003 година, а се заврши мај 2004 година. Вкупен период на изградба беше 11 месеци.
Четвртиот објект (15 станови) е на ул. „Црвена Вода“ бр. 8, (до кафулето „Броз“). Вкупен период на изградба беше 12 месеци.
Петтиот објект (11 станови) е на ул. „Дане Крапчев“ бр. 13, КО Центар 1 (Дебар Маало). Вкупен период на изградба до примопредавање на новите сопственици беше 8 месеци.
Шестиот објект (59 станови) е на ул. „Вангел Тодоровски“ бр. 17, населба Аеродром (во близина на поликлиниката „Јане Сандански“). Со изградба се започна во јуни 2011, а објектот беше завршен во ноември 2012 година.
Седмиот објект во кој имаме инвестирано е во Мелсунген, Германија, кој нè прави една од ретките фирми што има инвестирано во Германија по Европски и највисоки стандарди. Со градба се започна во декември 2015 година, а се заврши во април 2017 година.
Ребрендирање на фирмата Пандев ДОО. Новата инвестиција во станбен објект се наоѓа на ул. „Бранислав Нушиќ“ бр. 6, КО Карпош.
Се заврши објектот во Карпош на ул. „Бранислав Нушиќ“ бр.6. Се започна со изградба на два нови објекти на ул. „Тетовска“ бр. 40, Општина Центар и на ул. „Срекќо Пужалка“ бр. 52, населба Ченто.
Завршени се двата објекти започнати во 2020 година на ул. „Тетовска“ бр. 40, Општина Центар и на ул. „Срекќо Пужалка“ бр. 52, населба Ченто.
Завршен е проектот започнат во истата година на ул. „Востаничка“ бр. 33, во населба Црниче.
Се започнува со работа на нов проект на ул. Ленинова“ бр. 33, Центар.